
Мицкоски: Пратеникот е пратеник на народот, а не на Ахмети, Мицкоски, Заев
Имате власт која сама себеси се бојкотира во парламентот. Еве ќе ви дадам пример: Во Собранието имаше 61 пратеник до моментот кога Џафери претседаваше со седницата. Он ја напушти седницата, а останатите 58 пратеници плус Талат не влегоа на самата седница и на слободен начин не ја искажаа својата волја во она во што веруваа.
Мицкоски не треба никому ништо да докажува. Ние единствено во случајот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа 61 пратеник кои претходно го ставија својот потпис и го доставија до претседавачот за да може да гласаат недоверба на владата. Имавме 61 потпис. Во меѓувреме еден одлучил да верува во тие вредности во кои што самиот кажува. Јас ако верувам во вредности кои се спротивни на тоа што сум се потпишал, ќе дојдев во собранието и ќе гласав во она во што верував. Ова што се случуваше во парламентот немаше врска со демократијата. Тие пратеници таму не се пратеници на Христијан, на Ахмети, на Заев. Тие се на народот.
Според Мицкоски лидерите на партиите кои се дел од власта немале доверба од нивните луѓе да бидат присутни таму, па затоа тие биле отсутни од салата.
Не ја разбирам потребата на мнозинството пратеници во Собранието, да самите себеси се бојкотираат односно да не бидат присутни во моментот кога треба да го поддржат претседателот на Владата, откако тој претходно рекол дека поднесува оставка.
61 пратеник немаше откако Џафери одлучи да ја напушти седницата. Со него имаше 61 пратеник. Ако се ставеше точката на гласање, ако немаше дискусија, бидејќи другите одлучија да напуштат, вели Мицкоски.
Тој во вечерашното интервју истакна дека на списокот имало 61 потпис. Тој се решил да постапи така како што треба да постапи. За мене посуштинско прашање е колкав е легитимитетот од 59 пратеници, плус еден кој не се знае зошто така постапил. Кој е легитимитетот на таква Влада со пратеници кои одлучиле да не се појават во салата? Ајде да зборуваме за тоа, рече Мицкоски.