24sedum.net

24 седум вести портал

Мицкоски за еkс градоначалникот на Ѓоpче: Има испиено езеро алkоxooл

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека кандидатите на опозицијата ја дooбиле локалната власт бидејќи нивните претходници работеле лошо.

Тој во гостување во „Клик плус“ посочи пример со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, за кој кажа дека изел цело трло домашни животни и испил езеро алkoxол.

Ако било добро, немало да сме ние. Ќе биле тие. Нас не гласале, бидејќи тие биле лоши. Ако кажеме нешто дека е погрешно, нема да ги изненадиме граѓаните.

Не сум од оние политичари кој сака да игра на ниски страсти, да вадиме сметки од кафани и да кажеме дека оној поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, има испиено едно езеро алkoxол и изедено едно трлo домашни животни“, рече Мицкоски.

Поранешниот Градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски ги демантираше изјавите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкосkи за емисијата Клик плус на ТВ21.

„Зад нашиот четири годишен мандат заедно со Советот, сведочи трло на реализирани проекти.

Христијан Мицкоски може да ги види уште денеска, затоа што живее на стотина метри од нив.

Нова градинка и спортска сала во Волково; Корзото и затворениот базен во Ѓорче Петров; доградбите на училиштата во Хром и Ново село; поставени водоводни, атмосферски и канализациски мрежи; асфалтирани и поплочени улици во секое населено место; нов модерен кружен тек во Волково и пат кон Кучково; ново модерно ЛЕД осветлување низ целата општина. Оставени уште 20 тековни проекти, се дел од нашиот влог за наше Ѓорче.

Според анализите и вложени средства, во последните 15 години не е вложено колку за последните 4 години.

Срамно е што лидер на најголемата опозициска партија, јавно изнесува паушални тврдења, со ниско ниво на комуникација.

Истиот гази на теписи и мермери во белата палата со кои можеше сето горе наведено да се направи во наше Ѓорче. И да носи одела од 1000 евра.

Ручеци, репрезентации имало отсекогаш и ќе има, кога на гости доаѓаат домашни и странски делегации на работни средби кај Градоначалникот и Советот.

Во Ѓорче и Скопје се знае се, сите знаат дека за сопствени потреби никогаш не сум трошел народни пари, туку исклучиво мои лични средства, а секој има право своите пари да ги троши онаму каде што сака. Евидентно е намалувањето на тековните трошоци во нашиот мандат по сите основи.

За жал, тоа не е случај со 12 годишниот период на владеење на ДПМНЕ кога за еден ручек се трошеле и по 10.000 евра народни пари, кога Ѓорче тонеше и беше запоставено а парите на граѓаните се трошеа на непродуктивни трошоци“, вели Наумовски.