24sedum.net

24 седум вести портал

МВР не се враќа на стариот систем – нови лични карти кога ќе се изгласа законот во Собрание

МВР знаеле дека законот за лични карти не е изгласан од пратениците и го прилагодиле софтверот за печатање со новото име на државата. Десетици илјади граѓани од 5 јули навака останаа без документ за идентификација заради лоша кординација или планирање, реагираат експерти и познавачи на законите, известува ТЕЛМА телевизија

МВР стравува од одговорност ако почне да издава лични карти со стартото име. Велат дека го испочитувале рокот од 1 јули да отпочне печатењето со новото име на државата предвиден со уставните измени согласно Преспанскиот договор. Вложиле државни пари во промена на софтвер и набавка на документи и сега нема назад. Одлука која освен експертите ја критикува и опозицијата.

Проблемот пред банките се реши со одлука потврдите за барање за лична карта да важат на шалтерите. Граѓаните пристапија до своите сметки, но не можат да завршат да ги планираат другите деловни потфати и обврски. Владеачката партија вината ја бара во опозицијата во Собранието.

Законот за лични карти заглави во Собранието и за него се поднесени 1.500 амандмани, бидејќи според „Левица“ етничката прапидност во личната карта е спротивна на европските укажувања. Изборите се наближуваат а пратениците ќе имаат помалку од 2 недели да ја совладаат блокадата и да го донесат законот, пред да оди на пуаза Собранието заради локалните избори.

Засега политичкиот врв не излезе со решение како да се надмине проблемот на граѓаните, но и да се стаса рокот од 5 години за промена на документите со новото име на државата, обврска која е условена од уставните измени и преспанскиот договор.

Извор: Телма ТУКА