
На жена kоja била позитивна на Koвид-19 ѝ го запалиле автомобилот: Мислеле дека повторно се воведуваат мерките поради неа
На жена која била позитивна на Ковид-19 ѝ го запалиле автомобилот: Мислеле дека повторно се воведуваат мерките поради неа
Медиумите во Австралија известуваат дека на жената, која била позитивна на Ковид-19 ѝ бил запален автомобилот. Се верува дека станува збор за напад поврзан со нејзиниот позитивен тест, а кој резултирал со воведување на нови мерки против ширење на вирусот во јужните делови на Австралија.
Севен Њуз извести дека автомобилот бил пронајден запален покрај нејзината куќа доцна во вторникот навечер по локално време, пренесува Гардијан.
Таа и нејзините деца биле дома кога бил подметнат пожарот.
Локалните медиуми пренесуваат за гласините каде би можела да се зарази жената со корона, додека началникот на полицијата, Грант Стивенс се изјасни дека е против ваквиот напад.
“Луѓето не би требало да претпоставуваат што се случувало, тоа е непотребно и неоправдано”, рекол тој.