
Настинатиот Бajден: Сеkoј ден се тестирам
Американскиот претседател Џо Бајден денеска со засипнат глас и со неколку кашлици одржа говор за економијата, што ги поттикна новинарите да го прашаат за неговото здравје.
Бајден изјави дека има настинка, откако, како што рече, стапил во контакт со неговиот настинат внук.
-Добро сум. Секој ден се тестирам за ковид. Ова го добив од мојот внук на една и пол година кој сака да му дава бакнежи на дедо. Настинка е само – додаде тој.
Инаку, американскиот претседател во изминатиов период беше актуелен по неговото “дремење“.
Видеото на Твитер го објави новинарот на „Вашингтон пост“, Зак Персер Браун, а може да се види како Бајден се обидува да ги слушне говорите за добредојде на конференцијата, но во еден момент тој сè уште ги затвора очите и повеќе не ги отвора додека неговиот помошник не го прекине.