
Не се пишмани: Мицkoски вели – доkaз немам, но Kaстриот Реџепи беше kиднапиран
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски верува дека пратеникот Кастриот Реџепи бил киднапиран, иако нема докази за тоа.
Вели дека киднапирањето на пратеник на денот на гласање доверба на Владата во Собранието не може и не смее да се припишува како неуспех на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доказ немам, но Кастриот Реџепи беше киднапиран“, рече Мицкоски во гостување на Телма.
Додаде дека тој доброволно се потпишал на списокот за пад на оваа влада, и тоа под имињата на Борислав Крмов и Димитар Апасиев од Левица.
„Сега вели дека не знаел дека и тие се потпишани“, рече Мицкоски.
Реџепи не дојде на седницата за гласање доверба на Владата, по што партијата БЕСА го исклучи. Тој потоа изјави дека имал закани, и дека на денот на гласањето се засолнил кај пријател.