
НЕВИДЕН ХОРОР: Инвазија на скорпии на југот во Египет – повредени над 500 лица, тројца за*инаа (ВИДЕО)
Скорпии уbилee три лица во градот Aсуан на јyгот на Египет, а стотици имаат здравствени проблеми од убоди, откако по силно невреме сkoрпиите биле расфрлани по градските улици, пишува Би-би-си.
Од тамошното Министерство за здравство објаснија дека од дождовите се оштетени дувлата на скорпии, па животните ги оставиле и се нашле во близина на станбени згради.
– Повеќе од 500 луѓе во Асван добија противотров за каснувањето од скорпија, пишува РИА Новости.
Властите ги повикаа жителите да останат дома и да избегнуваат области со многу дрвја.
Каснувањата од скорпија ретко се опасни по живот, но малите деца и постарите лица имаат најголем ризик од развој на сериозни компликации, според американската здравствена институција Mayo Clinic.