24sedum.net

24 седум вести портал

Николоски:: Дали причината поради која нема лични карти е обдиот да се намести тендерот?

Зоран Заев прави голема манипулација со личните карти, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој праша дали причината поради која нема лични карти е обидот да се намести тендерот за обрасци за лични карти?

-И сега има закон според кој што може да се издаваат лични карти. Не е дека во Македонија не може да се издаваат лични карти. Како сега сите ние имаме лични карти?

Како се издавале лични карти во минатото? Но, прашање е дали ова тактизирање од страна на власта е поради обид, сличен на обидот со канадерите за гаснење на пожар, кои намерно не беа сервисирани со цел да дојдеме до ситуација да гори половина Македонија. Дури потоа да мораше да се сервисираат со договор во четири очи – рече Николоски на Канал 5.