
ОБBИНЕНИЕ ЗА ТАТКОТО НА 3АГИHАТАТА ЈЕЛЕНА
Кумановското обвинителство поднесе обвинение против таткото на Јелена Филиповиќ, која загина во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст. Тој е обвинет за нарачка на yбиcтBо, односно се товари дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица.
– Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на cмpтта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи се во возило како сопатник. yбиcтвото кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде извршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото, како возач и сопатник, како и врз таткото на возачот, се вели во соопштението од Обвинителствот.
Обвинетиот, како што информираат од Обвинителството, за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот.
-Имено, обвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80.000 евра.
Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година, на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од оштетените да им го одземат животот на трите лица….
целиот текст прочитајте го на fokus.mk