24sedum.net

24 седум вести портал

Од 1 јануари поскапува обуката за возачка дозвола

Со образложение дека покачувањето на цената не е донесена од интерес, туку со цел да се покријат трошоците што ги имаат автошколите, дел од автошколите дадоа известување дека обуката за возачка дозвола поскапува.

Цената за обука за возачка дозвола за автомобил, Б-категорија, во Скопје, од 1 јануари 2022 година ќе се покачи на 24.500 денари.

Ваквата одлука ја донеле 30-ина скопски автошколи на состанокот кој го имале неодамна. Сегашната минимална цена за обука за возачка дозвола изнесува 19.300 денари.

Дел од автошколите се изјасниле и дека во другите градови ова поскапување се случило уште пред некое време и дека истото некаде достигнало цена и до 25.000 денари.