24sedum.net

24 седум вести портал

Од 1-ви септември нема патување без ковид документ – тие кои ќе влезат во Македонија без тест или сертификат, одат во карантин

Останаа уште 9 дена кога нашите и странските државјани можат слободно да се движат на граничните премини на Северна Македонија. По 9 дена, освен пасош и лична карта за минување на границата, на домашните но и странски државјани, граничната полиција ќе им бара во прилог барем еден ковид документ.

сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот , односно КОВИД-19 примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или
сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
медицинска потврда со негативен резултат од PCR тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.
Сертификат за вакцинација или потврда на граничните премини нема да им бидат потребни на децата под 18 годишна возраст. Но што ќе се случи со нашите државјани кои нема да поседуваат ниту еден ковид документ?

„За нашите граѓани кои ќе се вратат во земјава по 1 септември и немаат ПЦР тест или потврда за вакцина или пак потврда дека го прележале вирусот во последните 45 дена, ќе се одреди карантин од 7 дена во домашна изолација со одлука од Државниот здравствен инспекторат“, посочи Муамед Хоџа.

Во меѓувреме за странските државјани кои транзитираат низ Македонија, ќе можат да поминат во рок од 5 часа со потпишана изјава на влез од земјава и оваа изјава треба да ја достават при излез од земјава. Со зголемување на бројот на заразени и Црна Гора воведе ограничувања за сите земји, со исклучок на земјите од регионот. Државите како Грција и Бугарија за цело ова време не ги олабавија мерките на граничните премини, односно континуирано бараа негативен ПЦР тест или сертификат за вакцинација.