
Оглас за вработување во КПУ Затвор Скопје
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 640/2021
за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II во Казнено поправна установа Затвор Скопје – Скопје за следните работни места
1. УПР0101В02000 Виш соработник за општи работи, Одделение за општи и правни работи, Сектор за општи и правни работи (1) извршител(и)
Општи услови да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката Општи работни компетенции
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување
Посебни работни компетенции, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време Работни денови понеделник – петок Работни часови неделно 40 Работно време од 07:30 до 15:30
Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 24.426,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Македонец(ка) 1.