24sedum.net

24 седум вести портал

ОГРОМНА БРОЈКА НА РАБОТНИЦИ И ТРЕБААТ НА ГЕРМАНИЈА

И натаму на Германија и требаат работници. На земјата и се неопходни 400.000 имигранти годишно за да успеат да одржат постојан број на луѓе вработени на пазарот на трудот.

Информацијата вчера ја објави Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ). Бројот на вработени ќе падне од сегашните 47 на 44 милиони луѓе до 2035 година, се вели во соопштението.

Оваа пресметка ја вклучува и претпоставката дека годишно на германскиот пазар на труд влегуваат 100.000 имигранти.

Од 7.500 анкетирани претприемачи, 66 отсто се изјасниле дека не можат да најдат доволно квалификувани работници. Минатата година 55 отсто од нив се изјасниле дека сметаат на проблеми при пополнувањето на работните места.

Во секоја четврта компанија недостасуваат академски образовани луѓе.