24sedum.net

24 седум вести портал

Османи оптимист дека за 14 дена може да најде решение со Бугарија

Не сме далеку од решение со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и најави дека во декември активно ќе се бара излез за спорт. Советот на ЕУ кој заседава за две недели ја чека одлукта на Бугарија, додава Османи.

Ние очекуваме наредните денови да има конкретни чекори и размена на предлози. Чекаме средба меѓиу екепртите на двете министерства апотоа влегува ЕУ со предлзите на претседателоството и да се комплетира целиот пакет.

Ако се сфати тежината на моменто 14 дена се сосема доволни за да се псотигне договор. Очекуваме да видиме која ќе биде позицијата на Бугарија псоле овие наши ставови, вели Османи.

За лидерот на ВМРО-ДПМЕН Христијан Мицкоски, оваа Влада нема кредибилитет да го решава спорто со Бугарија, каде вели сега и новото парламентарно мнозинство не отстапува од резолуцијата усвоена во Бугарскиот парламент.

Тој договор мора да ги содржи делови или целосно главите од Резолуцијата со кој се негира македонскиот идентите, македонската посебност, културно наследство, историја..Ако мислат дека оваа некредибилна Влада предводена од Зоран Заев, ва која преговара владо бучковски и Бујар Османи ќе биде нивниот капитал за да се задржат таму кај што се се лажат.

Таков договор ќе биде ништовен, вели Мицкоски
Османи пак вели дека денови се работи интензивно на дефинирањето на нашиот одговор на Патоказот пет плус еден и очекува во наредните денови во комуникација да се одговори на тие предлози и тоа да биде основа за следната рунда разговори меѓу експертите од двете МНР.

извор: telma.com.mk