24sedum.net

24 седум вести портал

Оставката на Заев од премиер зависи од преговорите со Алтернатива и Бугарија

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ  својот мандат да го заврши  до 2024 година. Заев вели, се ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

-Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива.

 

Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија.

Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, вели премиерот во изјава на телевизија Телма.