24sedum.net

24 седум вести портал

ОВА БЕШЕ ОЧЕКУВАНО – ќе промени ли нешто? БЛОKАДИ на улиците од угостителите во Струмица

Угостителите од Струмица од вторник секој ден по два часа ќе ги бокираат улиците и приодите во град во знак на незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.

„Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање“, велат од струмичкото угостителско здружение.

Струмичките угостиители засега се единствените кои преземаат вакви мерки, иако сите угостители, од сите делови на земјата реагираа дека објектите им се празни и работењето е неисплатливо поради новите мерки кои стапија на сила на 16 август.