
Пазарџиите ја кријат цената на доматите и краставиците по пазарите
Нема краставици и домати по зелените пазари, или ако ги има, цената се крие. Така, наместо домат по замрзната цена од 70 домати, се продава по 180 денари.
Граѓани за ,,Фактор” велат дека цената на зеленчукот всушност е намалена само 10 денари и покрај обврската наметната од владината одлука.
Пазарџиите велат дека не ги пшишуваат цените затоа што не можат да набават толку евтини продукти и дека мора да тактизираат со непишување на цените за да не ги казнат инспекциите.
– Ако се увиди дека овој феномен е присутен не само на Кванташки, туку на секаде во државата, во подолг временски период, институциите може да се вратат назад со контролите онолку колку што е потребно, Финансискиот криминал не застарува, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Ваквата изјава следува откако власта увиде дека увозниците на овошје и зеленчук од Албанаија, Турција и Грција пред царинските власти прикажувале фактури со помала сметка, пшо што пресметките за замрзнатата цена излегле погрешни.
Неофицијално, 16 години увозниците работеле на ваков начин, без на тоа да реагира државата.
Инспекторите и денеска се во контрола на магацините. За три дена има контроли кај над 30 увозници.
Утре на владина седница ќе се зголемат максимално дозволените цени, но не над 100 денари од килограм.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема ефект замрзнувањето на цените, бидејќи во март инфлацијата е 14,7 проценти и воедно една од најголемите.
Извор: Фактор