24sedum.net

24 седум вести портал

Пет знаци дека наскоро ќе добиете отказ

Дали некогаш сте го имале она чудно чувство дека нема да останете на работното место кое го сметате за совршено? Доколку тоа чувство го имате само вие, тогаш сигурно ќе се потрудите да работите што е можно подобро, но доколку истото го мисли и вашиот работодавач, е тогаш сте во незавидна ситуација.

Ова се петте знаци кои ви откриваат дали ви се подготвува отказ:

Разговорот кој сте го воделе со шефот е документиран
Доколку сте имале незгоден разговор со вашиот работодавач во врска со вашата работа и доколку после разговорот сте добиле примерок од истиот на електронска пошта, тоа може да значи само едно: за да се заштитат и оправдаат себеси, вашите надредени ќе пробаат да документираат колку што е можно повеќе од вашиот „пад“.

Од вас се бараат извештаи побрзо отколку што можете да постигнете
После незгодниот разговор вашиот работодавач многу почесто и повеќе ќе внимава на вас и воедно ќе ве проверува како работите. Треба да почнете да разликувате што е поитно и поважно од сѐ што ви е зададено. Ако успеете тоа да го направите, вашиот надлежен ќе забележи напредок во вашата работа.

Задачите за кои сте биле одговорни сега се кај вашите колеги.
Еден од најголемите знаци дека ви се спрема отказ е кога вашите работни задачи ќе почнат да се делат на вашите колеги. Веројатно мислат дека не можете успешно да ги остварите тие задачи па поради тоа ги подготвуваат останатите за да можат да ве заменат кога ќе си заминете.

Не ве викаат на одредени состаноци
Ако вашиот работен тим се состанува без вас веројатно работат на проект за кој сметаат дека не сте доволно способни. Исклучувањето од состаноците е голем показател дека му дошол крајот на вашиот работен ангажман.

Ангажиран е некој со иста струка, но со поголемо искуство
Во компанијата пристигнува особа која има иста струка како и вие и е распределена на иста позиција. Тоа е повеќе од очигледно дека ви стигнала замената.