
Петков во Бpисел изрази надеж: За шест месеци работни средби може да се надмине спорот со Македонија
Новиот бугарски премиер Кирил Петков на првата посета во Брисел ја претставил идејата преку работни групи во период од половина година да се дојде до надминување на спорот со Македонија.
По средбата со претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен порача дека бугарскиот интерес треба да биде заштитетен, но не само низ призма на историјата.
-Сакам уште со доаѓањето на новиот премиер во Македонија, да направиме средба таму, да формираме работни групи да тие да се среќаваат секој месец. А кога велам шест месеци, како што претходно изјавив, мислам на шест месеци за да го организирам процесот за тие пет работни групи и ако може секој месец да имаме позитивен резултат. Историјата е многу важна тема, но не може да биде единствена тема. , изјави Кирил Петков, премиер на Бугарија.
Умерените тонови на Петков сепак паѓаат во сенка на документот кој од вчера циркулира во јавноста, а кој го приложила Софија кон заклучоците од Советот пред три дена. Во документот, кој го објави МИА, Софија прв пат посочува евентуалното усвојување на преговарачката рамка, не значи и автоматски почеток на преговори со Унијата. Во текстот се наведени низа услови и забелешки – од барањето Македонија да се откаже од малцинството, преку наводниот говор на омраза и дискриминација врз Бугарите до употреба само на долгото име во официјалните документи. Софија најавувува и дека ќе го услови усвојувањето на преговарачката рамка со инкорпорирање на одредница за отворање на првиот и најважен кластер – Фундаменти. За долгогодишниот советник за европски прашања во СЕП, Драган Тилев намерата на Софија е евидентна.
-Колку што видов барањата во документот се горе доле исти од Декларацијата во бугарското Собрание. Преку документот всушност Софија порачува дека се согласува со заклучоците на Советот, но нема да отстапи од своите барања да се најдат во преговарачката рамка, вели Драган Тилев, државен советник за европски прашања во СЕП.
Списокот бугарски барања го интензивира и бугарскиот претсеателот Румен Радев, кој сега вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав го наведе како еден од клучните услови.
-Тие дури и го сменија името на државата. Оттука, се наметнува прашањето – зошто би било тешко да се додаде еден единствен збор – Бугари, на еднакво рамниште со Албанците, Србите, Бошњаците… Ова е еден од факторите да се отвори вратата. , изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.
Списокот бугарски услови го интензивира и бугарскиот претсеателот Румен Радев испрати нови остри пораки, овој пат, дека На сетот услови,
Бугарија во вторникот трет пат за една година ги блокираше македонските преговори.