
ПИКАНТНИ БАТАЦИ Ручек од соништата, за љубителите на пилешко
Состojки: 10 пилешки батаци, три лажици чили сос, три лажици мед, сок од еден лимон, две лажици маслиново масло, две чешниња лук, сол и бибер
Подготовка: Батаците измешајте ги во чили сос, мед, сок од лимон, маслиново масло, ситно сечкан лук, сол и бибер. Премачкајте ги батаците со маринадата и оставете ги да отстојат, додека ја загревате рерната на 180 степени.
Наредете ги батаците во сaд за печење и прелијте ја со преостанатата маринада. Покpијте со алуминиумска фолија и печете околу еден час.
Отстранете ја фолијата и печете уште десет минути додека не поруменат.
Послужете ги со варен ориз и сезонска салата.