24sedum.net

24 седум вести портал

ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ЗАЕВ, заминувaaт и тие: Шекеринска и Филипче се огласија – чесно е да не бидам дел од новата Влада

По оставката и заминувањњето од премиерската функција на Зоран Заев, денес се огласи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која долги години важи за еден од првите луѓе на СДСМ.

Шеќеринска нема да биде дел од новата Влада. По Филипче, и министерката за одбрана вели дека не очекува фунција. Во изминатите четири и пол години таа смета дека се оддолжила на граѓаните за довербата. Шеќеринска пред осум месеци се повлече и од партиските функции во СДСМ затоа што не се согласувала со дел од политиките кои придонесоа за поразот на локалните избори.

„За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шеќеринска.

Претходно, министерот за здравство рече дека не очекува функција во новата Влада, со ова министерствто сега ќе раководи Алтернатива, а Филипче повторно ќе го облече белиот мантил. Сега најавува дека ќе се повлече и од партиските функциите во СДСМ.

Новото раководство на СДСМ се очекува да биде избрано од страна на ЦО идната недела. Освен Филипче, во него нема да бидат ни Оливер Спасовски ни Мила Царовска. Новиот лидер Ковачевски и натаму смета на Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи.