24sedum.net

24 седум вести портал

Потресно сведоштво на родилката која го загуби бебето во битолската болница: Викав, кревајќи ја болницата од болки, и молев за рез

Го направија пропустот за којшто знам дека никој нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де … А, ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А, тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте, пишува Крстеска која минатиот викенд го изгуби бебето неколку часа по породувањето

Родилката Викторија Крстеска, која минатиот викенд го изгуби бебето веднаш по породувањето во битолската болница, на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во која ја кажува нејзината страна на приказната и тврди дека имала здрава бременост, но тежок и насилен пораѓај.

„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. МАЈКА. Поради партиските прекупувања, ривалство, инает меѓу докторите и неспособноста јас изгубив најмногу. Го изгубувме највредното нешто во животот. Нашиот Јован. Нашето најмило. До кога поради вас партиски пиунчиња ќе традаме?“,пишува таа на почетокот на објавата.

Вели дека во објавите досега се изначитала безброј лаги и различни приказни, но во салата вели била само таа и персоналот.

Бебето, пишува Крстеска, ниту ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум „иако се колнат дека било така“.

„Точно дека бев вратена од болница дома и се уште си го поставувам прашањет зошто? Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ’искусните‘ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, а за кое никогаш не одбив да ми биде направено, имаше време за царски. И до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот …

Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и да ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека не учествувала во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече ’ако не ти се бендисавме ние, оди си во плодност“. Удирајќи ме во стомакот, на којшто се уште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое никогаш не успеав да го видам“, вели родилката.

Таа прашува какви се, небулози ќе слушне и вели дека „дел по дел, ќе обелодени се“.

Во објавата понатаму таа пишува дека имала најздрава бременост до последен миг и секој преглед и резултат биле уредни.

„Го направија пропустот за којшто знам дека никој нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де … А, ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив.

Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А, тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажете за да се покриете? А?“,вели Крстеска.

На крајот од својата објава таа обвинува дека „го у6иле бебето поради его, надменост и непрофесионализам“ и вели дека парична казна за ова е смешна и нема да се откаже додека одговорните не сносат одговорност.

Целосната објава може да ја погледнете на следниот линк