24sedum.net

24 седум вести портал

Повеќе од 50 луѓе протестираа во Париз против дискриминација на Бугарите во Македонија

Во Париз се одржа вториот протест на Иницијативниот комитет за заштита на човековите права „Шемето“. Протестoт е против дискриминацијата на Бугарите во Република Македонија.

Повеќе од 50 луѓе се собраа на вториот од најавените три протести организирани од Иницијативниот комитет за човекови права Шемето. Првиот протест беше на плоштадот Парагвај во Париз на 6-ти декември.

Француските безбедносни прописи не дозволуваат странци да се собираат пред амбасадите, па организаторите и полицијата договорија локација во близина на амбасадата на Република Македонија.