
Пристигнаа уште 154 авганистански бегалци: Ова е 4-та група досега
Синоќа на скопскиот аеродром околу 23:30 часот слета 4-тата група со авганистански бегалци, дознава Телма.
Станува збор за вкупно 154 бегалци кои со 6 автобуси се префрлени во хотел во Скопје каде ќе го поминат карантинот од 14 дена. Прво ќе бидат тестирани на Ковид, а потоа следуваат целосни здравствени прегледи.
Сите имаат добиено визи за престој од 90 дена како претходните групи на бегалци од новопоставениот талибански режим во Кабул.
На скопскиот аеродром првпат слета авион на авганистанската компанија „Кам ер“, на 31 август. Донесе 149 не патници туку бегалци кои за првпат доаѓаат во Македонија. Оттогаш почна да им тече 90-дневниот период од издадената виза.
Период од три месеци во кој западните држави треба да им ги одобрат заминувањето таму по привремениот престој во Македонија. Претходно тие со денови на отворено чекале лет за спас на аеродромот во Кабул.
Потоа, пристигна уште две групи бегалци од Авганистан, едната на 06.10. со вкупно 97 луѓе, а втората на 15-ти септември кога долетаа 44-ца.
Дел од првата група пред два дена беше во посета и прошетка низ Рамстор мол, под силно полициско обезбедување. Денеска друга група бегалци е на слична шопинг прошетка во Ситимол.
За одбележување е дека една бремена бегалка од Авганистан, на први септември, ден по слетувањето роди син на скопска Гинекологија
Извор ТЕЛМА