
Путин донесе важна одлука за улогата на Русија во Авганистан: „Mосква ги научи лекциите“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска зборувал за ситуацијата во Авганистан.
Претседателот Владимир Путин денеска изјавил дека Русија нема да ги распореди своите вооружени сили во Авганистан за да учествува во конфликтот и дека Москва ја научила лекцијата од неуспешните интервенции на Советскиот Сојуз.
„Се подразбира дека не планираме да се мешаме во внатрешните работи во Авганистан, а не па да ги распоредиме нашите вооружени сили во конфликтот“, изјавил Путин на конгресот на владејачката партија „Единствена Русија“, пренесува „Ројтерс“.
Путин исто така истакнал дека Советскиот сојуз имал свое искуство во таа земја и дека ги извлекле потребните лекции тогаш.
Инаку, Советските сили го напуштија Авганистан во 1989 година.