
Се огласи семејството Бајрам за kомпјутерската опрема во ГТЦ
Иако најави, Габриел Бајрам не се појави пред новинарите да објасни што всушност се случувало во подрумските простории на Градскиот трговски центар.
Наместо него, изјава даде негов соработник кој се претстави како професионален модератор и ги отврфли сите информации како шпекулации.
„Компјутерската опрема која беше стационирана во изнајмените простории на ГТЦ е согласно законот увезена во нашата држава за кои е уредно платена царина и останати давачки кон државата“, вели соработникот на Бајрам.
Во однос на просториите, тој вели дека истите се користат како магацински простории за сервисирање на истата компјутерска опрема при што истата се подготвува за извоз.
Опозицијата вчера обвини дека во подрумот на ГТЦ се краде струја под палката на СДСМ, а според нив, вчерашната активност е прикриена од страна на МВР.
Вчера попладне, полициска екипа се појави пред подземните простории во ГТЦ по претходна најава дека преку нелегално земање на струја се „копаат“ криптовалути.
Наместо полицијата, во просториите влегоа новинарите кои наидоа на машини за „копање“ на криптовалути, вентилација и сигурносни камери пред самите простории.