
Се шлепаа на името и славата на Заев во 2016 за денеска да глумат дека тие немаат „вина“, туку виновен е само Зоки
Зоран Заев со сите свои маани, недолични изјави, смешни изјави, Зоран Заев со сите свои кадровски грешки и во партијата и во Владата, Зоран Заев онаков каков што го знаеме, со слаб англиски, Зоран Заев народски човек кој разговара како со другар и обичен граѓанин, Зоран Заев за оние кои го знаат како човек кој пуши доста цигари и барем според моите информации човек кој обожава кафе, Зоран Заев како човек кој за прв пат отвори дебата, како лидер и премиер излезе на ТВ дуели со граѓаните, Зоран Заев кој одговара на повици, враќа на пораки на обични граѓани кои ниту ги знае, ниту ги сретнал некогаш во живот,
ете тој Зоран Заев, поради кој бомбите во 2016 беа како ГРОМ од ведро небо на македонската политичка сцена, денес е „предаден“ условно кажано од своите, кои сиве овие 7, 8 години се шлепаа буквално на негов грб, сакајќи да гребнат од неговата слава на политичар кој имаше храброст да се заложи за да ги порази 11 годишните политики на Груевски.
Ваков, таков, онаков, политичар кој носеше храбри одлуки, Преспа, договор со Бугарија, расчистување со крупни „риби“ кои на овој или оној начин беа „недопирливи“ во македонското општество. Е тој Зоран Заев, кој јас лично сметам дека нема интелектуален капацитет за премиер, ги направи сите негови соработници властодржци во оваа држава, кој премиер, кој директор, кој бизнисмен, кој амбасадор, некои од нив ги извади од глувчја дупка на површина, за да се чуе нивното име и презиме дека воопшто постојат. Да интелектуален нема, но менаџерски има. Тој е прав менаџер, а на Македонија и е потребен менааџер кој ќе ја внесе во ЕУ, а не интелектуалец и говорник како Бранко кој само ќе „тресе“ на говорница. Дел од нив 30 години се во македонската политика и од секогаш беа трн во окото на македонскиот граѓанин. Секогаш тлеело тоа дека тие се против него, но дека тој и тие мораат да се држат за да нема разединување на партијата. Арно ама, после едно негово повлекување, на површина веднаш излегоа „вечно амбициозните“ кои сега велат „не научивме од лекциите“, кои си припишуваат некакви своои заслуги, иако многу добро знаат дека тие беа само дел од тим за кој одлучил само еден човек, а тоа е Зоран Заев.
Се јавија и стариве кадри, оние влијателните, оние интелектуалците кои 11 години губеа со ред, избори по избори, година по година. Немаа ниту една победа. Секогаш беа поразен тим. И сега, истиве овие во изминативе години власт на СДСМ молчеа, се појавуваа одвреме на време со по некој статус, ќе плукнеа, ќе искритикуваа по досегашното раководство на Заев, и повторно ќе исчезнеа. Но тие никогаш не беа и нема да бидат како него. Тој, вака, така, онака, победуваше. Ја донесе СДСМ на власт, расчисти со многу кадри на ВМРО, имаше храброст да направи чекор напред. Е сеа тоа што тој односно неговиот ПР тим очигледно ја утна работата, го лажеа дека готово е шефе, ја завршивме работата, влегуваме и во ЕУ, е проблем за кој самиот тој ќе си анализира и ќе види дека сепак грешката е негова. Грешката е негова околу неговата верба, неговиот начин на водење на политика, отворен целосно. Во секој случај мораше да постои мала резерва дека ете на пример Бугарија ќе не блокира. Не требаше толку слепо верување на таквите ветувања. Потребно беше да се направи чекор напред, но внимателно. Ние за жал дојде ред, да немаме дилема со нашето пријателство со Грција, а во однос на Бугарија повторно на балканот ќе поентира Вучиќ кој буквално направи шах-мат и само ја зацврсти омразата на македонецот кон бугаринот. Наместо пријателство, какво што сакаше Заев, бугарите сами си дадоа автогол и ја отворија уште посилно вратата на Србија во Македонија.
Пишува: Катеирна П.