
Се скараа за зеленилото и паркот: Филиповски кон Муцунски – вие сте цело време на државна цицка и не може Вие мене да ми кажувате
Кандидатот за градоначалник на Аеродром Александар Филиповски во дебатата на „Само Вистина“ на Канал 5 му упати порака на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски дека излегува на пресконференции на кои соопштува невистини.
Кога ќе излезете на прес треба да зборувате вистина. Мојата фирма е 45 години стара фирма. Не може Вие мене да ми кажувате за мојата фирма. Вие 8 години сте на државна цицка. Тој вели дека Муцунски му се јавил да има фер кампања, но веќе 6 дена гледа нефер однос од страна на опозициската партија.
Според Филиповски ветувањето на Муцунски за зелена површина од 100 метри квадратни е нереално бидејќи Аеродром нема простор за толкава површина зеленило.
Во урбаниот дел не постои можност за такво нешто, но во руралниот нема. Вие лажете константно, вие од матрицата на вашата партија не излегувате, додаде Филиповски.
Во дебатата Муцунски рече дека кандидатот за градоначалник на СДСМ односно неговата фирма зела 15 милиони евра од државата.
Според Муцунски неговата перцепција е дека СДСМ бара решенија, ама молат Бога да не ги најдат. На ова Филиповски му одговори:
Кажете го начинот на кој ќе го реализирате тоа што го ветувате. Вашите ветувања се нереални бидејќи во суштина не се остварливи.