
Се сyдрија два автомобили на магистралниот пат Штип-Делчево, две лица повредени
На 14.12.2021 во 12.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, на територија на Кочани, се случила сообраакјна несреќа помеѓу патничко возило ,,форд“ со германски национални ознаки, управувано од Т.Б.(32) од Виница и патничко возило ,,киа“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Д.Д.(39) од Македонска Каменица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот М.Б.(68) во возилото ,,форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ: Михаиловска – Итната помош нема да се приватизира, опозиција со блокадата на законот ги штити интересите на приватните болници
Брзата помош не се приватизира, само ќе се зголемат нејзините ресурси за и граѓаните од руралните средини да имаат постојана здраствена заштита”, вели пратеничката Соња Михаиловска, член на парламентарната комисија за здравство, демантирајќи ја опозицијата дека итната медицинска помош се приватизира во Јавните здравствени установи.
Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни трошоци, тврди пратеничката Михаиловска, туку Итната помош на приватните болници ќе се користи бесплатно.
Денешната собраниска комисија беше прекината откако Левица и ВМРО – ДПМНЕ поднесоа 1200 амандмани по измените на Законот за здравствена заштита.
„Дали блокадите од опозицијата се со цел да го заштитат монополот на приватните болници”- запраша на прес- конференцијата социјалдемократката Соња Михаиловска.
Таа е изненадена и од коментарите за трансплантација во приватното здравство, иако амандмански веќе е повлечена.