24sedum.net

24 седум вести портал

Штип тагува: Македонија изгуби прекрасен млад доктор – на 35 години

Вчера на 35 годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип.

Доктор Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист.

Сочуство испрати и екс градоначалникот на Штип Д-р Сашо Николов

Голем човек, со големо срце… Голем другар, стабилен семеен човек, одличен доктор. Болката е голема за сите, најголема за семејството.

Почивај во мир почитуван наш Симе