
Штотуку се огласија од Град Скопје! ЈСП продолжува со нормалното функционирање
ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, информираа од Град Скопје.
-Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос.
Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, порачаа преку соопштение од Град Скопје.