24sedum.net

24 седум вести портал

СНЕЖНА БУРА ТРИ НОЌИ ЗАРОБИЛА 60 ЛУЃЕ ВО КАФУЛЕ Пијат и јадат, не сакаат да заминат!

Повеќе од 60 луѓе останале заробени во британскиот паб во Тан Хил Ин во планинската област Јоркшир Дејлс во петокот навечер.

Имено, хотелот е завеан со три метри снег, а персоналот и гостите трета ноќ по ред поминале во пабот со трибјут бендот Oasis „Noasis“ отсечени од остатокот од светот поради бурата Арвен.

Многумина спиеле на импровизирани кревети на подот, но и покрај тоа, некои признале дека не сакаат да си заминат. Храна и пијалаци имале наголемо, а гостите биле очестени со филмови на платното за проекција, со квиз вечера и со шведска маса.

И додека десетици илјади домови во Британија останаа без струја, друштвото од пабот добро се забавувало.

Многу ни е убаво и сите се добро расположени… навистина е добра атмосферата. Склопивме пријателства… како големо семејство сме, тоа е најдобриот начин да се опише. Една госпоѓа всушност рече дека не сака да замине – изјавил Никола Таунсенд (51), кој се надева дека откако ќе бидат ослободени, сите ќе останат во контакт.

Вчера, пабот организирал традиционален ручек пред гостите и вработените заедно да го украсат барот за Божиќ и да се подготват за караоке вечер.

Во меѓувреме, ископан е тунел на влезната врата на пабот, но околните патишта сѐ уште не се целосно проодни поради срушените кабли за струја.

Бурата Арвен досега однесе три животи, а ветровите кои дуваат со брзина од 160 километри на час предизвикаа хаос, оштетувајќи згради и прекинаа патишта и железници, оставајќи најмалку 450.000 домови без електрична енергија.