24sedum.net

24 седум вести портал

СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ СЕ ВЛЕГУВА ВО 108 ЗЕМЈИ Најмоќна патна исправа имаат Арапските емирати

Втора на ранг листата е патната исправа на Нов Зеланд со можност за слободно патување во 146 држави, од кои без визи во 98 земји. Третото место го делат Германија, Финска, Австрија, Луксембург, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австралија и Јужна Кореја, чии државјани може да патуваат во 144 држави.

Патната исправа на земјава е рангирана на 31 место на листата на Глобалниот индекс на најмоќни пасоши на „Артон Капитал“ за 2021 година, изработена врз основа на тоа во колку држави со нив може да се патува без виза.

Според оваа класификација, која опфаќа 193 држави и шест територии и се однесува за првиот квартал од 2021 година, со пасошот на Северна Македонија може слободно да се патува во 108 земји во светот, од кои во 66 без виза.

На врвот на листата е пасошот на Обединети Арапски Емирати, со кој слободно може да се патува во 152 држави, од кои во 98 без визи, во 54 земји со визи при пристигнување, а во 46 земји со преходно обезбедување виза.

Втора на ранг листата е патната исправа на Нов Зеланд со можност за слободно патување во 146 држави, од кои без визи во 98 земји. Третото место го делат Германија, Финска, Австрија, Луксембург, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австралија и Јужна Кореја, чии државјани може да патуваат во 144 држави.

На листата на глобално ниво за постигнување на највисока оценка за мобилност, на делба на четвртото место се Шведска, Холандија, Данска, Белгија, Португалија и Ирска со можност за патување во 143 земји, а петто место го делат Франција, Малта, Чешка, Грција, Полска, Унгарија, Велика Британија, Канада и САД, со чии пасочи може да се патува во 142 земји.

Северна Македонија е на 31-то место со Тринидад и Тобаго. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Грција на делба на петото место (влез во 142 држави/во 104 без виза), пред Словенија на делба на шестото место (влез во 141 држава/безвизен режим со 103 држави). Следи Хрватска на девето место со влез во 137 држави и безвизен режим со 99 земји, на 10 место со влез во 136 држави се Романија (безвизен режим со 99 земји) и Бугарија (безвизен режим со 97 држава), а Србија е 29-та со влез во 111 држави и безвизен режим со 71 држава.