24sedum.net

24 седум вести портал

Со слика од Гоце Делчев руската амбасада ни го честита Денот на македонската револуционерна борба

Со слика од Гоце Делчев, руската амбасада во Република Македонија го честиташе 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

– На нашите македонски пријатели им го честитаме Денот на македонската револуционерна борба!

23 октомври стана вечен симбол на континуитет на македонската борба за самостојност и независност! Нека е честит празникот, за многу години! – напишаа од амбасадата на Фејсбук.