СООБРАЌАЈКА ВО ЛИСИЧЕ: Амбулантно возило учесник во несреќата, ова се првичните детали (ФОТО)
Попладнево во скопската населба Горно Лисиче се случила сообраќајна несреќа во која учествувало амбулантно возило на Никоб и автомобил марка „Пунто“.

Според неофицијални информации од нашиот репортер, возачот на автомобилот марка „Пунто“ била млада девојка која се здобила со повреди и била пренесена во болница со амбулантно возило.