24sedum.net

24 седум вести портал

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК ЗА БУГАРИЈА НЕ СЕ МЕНУВА Бучkoвски доби уште еден мандат

Владата на денешната седница му го продолжи мандатот на Владо Бучковски за специјален претставник на Владата на С Македонија за Бугарија.

„На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година“, соопшти владината прес-служба.