
Србија нема да ја остави Македонија на цедило: сепак ќе ни продаде гас за да ја „истуркаме“ зимата, извозот е дозволен само во Македонија
Владата на Србија ја измени Одлуката за привремена забрана за извоз и достава на природен гас, со што овој енергенс сепак ќе може да се извезува во Македонија, јави агенцијата Танјуг.
Одлуката е сменета три дена по нејзиното донесување, на 20 октомври.
Привремената забрана за извоз и снабдување е воведена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар.
Целта е да се обезбеди сигурно снабдување со гас на српскиот пазар, се наведува во оригиналниот текст на одлуката, од која сега со нов акт е изземена Македонија и таа е единствената земја во која српските компании ќе смеат да го извезуваат енергенсот.