
Српсkи новинар до Мицкоски: Скопје 2014 ми изгледа како Дизниленд – еве како реагираше првиот човек на ВМРО
Грците ве обвинуваат дека сте им го земале Александар Македонски, Бугарите за Цар Самоил, Србите за Цар Душан. Како гледаш ти на тие митови, кога ќе дојде човек во Скопје, вие тоа го направивте во центарот, тоа изгледа како Дизниленд. Прв ваш цар е Јустинијан, па Александар Македонски, па заклучно со споменикот на Тоше Проески. Имате споменик на Методија Шарлов, кој ја расипа комунистичката партија на Тито и се приклучи на Бугарија.
Не е баш така. Ние имаме споменик и на мајка Тереза. Треба ли да се срамиме од тоа што имаме споменик од неа во центарот на Скопје?
Мицкоски на праашњето на новинарот дали се партија која е прозападна, го даде следниот одговор:
Па зарем за тоа треба да зборуваме. Еве ви пример факти. Во 2000 година Љубчо Георгиевски кој беше прв претседател на ВМРО и премиер го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација. Потоа во 2008 година вториот претседател Груевски беше во Букурешт, па не успеавме. Првиот позитивен извештај за почеток на преговори, повторно влада на ВМРО-ДПМНЕ. Визна либерализација, повторно влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога ќе ги соберете овие факти, ќе разберете дека ова се лаги на поддржувачите на Заев, да направат лажна слика за ВМРО-ДПМНЕ.
Екс лидерот пак на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски беше еден од првите луѓе кои даде поддршка за Христијан Мицкоски за лидер на партијата, за да после одреден период истакне дека за жал Мицкоски го наследил генот на Груевски за фалсификување на историјата на ВМРО-ДПМНЕ.