24sedum.net

24 седум вести портал

ТАЖНО: Милијардер во 10-тата деценија од животот оставен од помладата свршеница (фото)

Обвинета е за финансиско злоставување на постари лица!

Милијардер во 10-тата деценија од животот оставен од помладата свршеница (фото)
Обвинета е за финансиско злоставување на постари лица!

Парот објави дека се разделува само две недели откако тој ја запроси со дијамантски прстен, а извор близок до Руперт Мердок тврди дека медиумскиот магнат сè уште бил заљубен.

Медиумскиот магнат и еден од најбогатите луѓе на планетата Руперт Мердок (92) и Ен Лесли Смит (66), по професија забен техничар, ја раскинаа свршувачката само две недели откако објавија дека ќе се венчаат на крајот на летото.

Според пријатели на парот, Руперт и Ен сè уште се сакаат, но таа наводно не не можела да се справи со постојаниот притисок на јавноста и фактот што бил следен секој нејзин чекор.

Инаку, ова е петта свршувачка на познатот медиумски магнат и милијардер.

Руперт и Ана се запознале минатиот септември на дегустација на вино во Калифорнија, еден месец од последен развод на Руперт со поранешната манекенка Џери Хол. Две недели подоцна, Мердок ја поканил Ен да се видат и оттогаш се неразделни.

По само шест месеци, на 17. март, тој ја запроси со 11-каратен дијамантски прстен вреден речиси 2,5 милиони долари.

– Бев многу нервозен. Се плашев да се заљубам бидејќи знаев дека тоа ќе ми биде последен пат. Подобро нека биде. Среќен сум – изјави Мердок за Њујорк тајмс по повод свршувачката.

Ана е вдовица веќе 14 години, а нејзиниот покоен сопруг исто така бил медиумскиот бизнис, работел на развој на локалните весници, радија и ТВ станици.

Одлуката да се разделат дошла по скандалот што изби минатиот месец кога беше откриено дека Ен е во судски спор со семејството на својот покоен сопруг Честер Смит во врска со сопственоста над лозјето.

Ен е обвинета за „финансиско злоставување на стари лица“ и негирање наследство на нејзините поќерки. Таа негирала сè, а судот пресудил во нејзина корист.

Руперт Мердок, чие богатство се проценува на 17,6 милијарди долари, се женел четири пати. Од 10-годишниот брак со стјуардесата Патриша Букер ја имаат ќерката Пруденс. Неговата втора сопруга беше Ана Мердок Ман со која беше во брак од 1966 до 1999 година и имаат три деца – Елизабет, Џејмс и Лахлан.

Потоа се ожени по трет пат со Венди Денг, а бракот траеше 14 години. Со него имаше две ќерки, Грејс и Клои. По разводот се ожени со Џери Хол, поранешната невенчана сопруга на Мик Џегер. Бракот со Џери траеше шест години, а парот се раздели во август минатата година.