
Тесла на автопилот на автопат, возачот СПИЕ, а мајка му СНИМА (Видео)
Нема сомнение дека автопилотот на Тесла е еден од најнапредните системи за автономно возење, но тоа не значи дека треба да се дреме во него.
Сепак, има се повеќе примери во кои Тесла е управуван од несовесни ликови кои се подготвени за еден клик да ја загрозат својата безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот. Едно такво видео се појавило на „ТикТок“ и го прикажува младиот возач кој решил да дремне на задното седиште на „Тесла Модел 3.“ или барем сакал да изглуми. И нема да има ништо спорно доколку возилото не се движело и местото зад воланот е празно. Да, тој бил толку несовесен што го оставил автомобилот без директна контрола.
И работите не застануваат тука затоа што тој бил снимен во автомобилот од совозачкото место од неговата родена мајка. На крајот од видеото дознаваме дека автомобилот не бил на автопилот, но дека тие користеле лента за да спречат автоматско управување на системот. Имено, еден од условите за функционирање на целата напредна контрола на патување е да бидат рацете на управувачот. И сето тоа за да сними видео за неговиот профил на ТикТок.
Не треба да се спомнува дека жената нема да биде мајка на годината заради ова видео, но исто така и дека видеото станало доказ за низа сообраќајни прекршоци.