24sedum.net

24 седум вести портал

ТЕСТ: Дали ви е потребна промена во животот?

Кога размислувате за вашиот живот, дали често посакувате поинаков исход од замислениот или често сте незадоволни од сегашноста?

Одговорете на овие прашања и дознајте дали ви е потребна промена во животот.

1. Ви се расипа автомобилот, а планиравте за викенд да ги посетите пријателите кои живеат надвор од градот. Како реагирате:

А) овој автомобил е за старо железо.

Б) требало да се направи ремонт на време.

В) ова само мене може да ми се случи.

2. На што прво помислувате кога ќе застанете пред огледало:

А) крајно време е да ја сменам исхраната

Б) не изгледам толку лошо

В) ништо не ми стои добро

3. Што би Ви било најтешко на професионален план:

А) промена на работното место

Б) чувство дека не сте во состојба да ги исполните барањата на работодавачот

В) работа со претерано амбициозни луѓе кои мислат само на работа

4. На автобуската станица е голема гужва. Една постара личност се сопнува и паѓа. Како реагирате:

А) гласно негодувате: повеќе никој не ги почитува постарите лица

Б) коментирате: постарите лица не би требало да излегуваат кога има гужви

В) размислувате: тешко е да се биде стар

5. Додека вашите соседи биле на одмор, во нивниот стан се случи поплава која го оштетила и вашиот стан. Како реагирате:

А) не се возбудувате премногу, и онака планиравте да реновирате

Б) лути сте и ги обвинувате соседите за небрежност

В) овој инцидент Ве поттикнува да водите сметка и да ја исклучите водата пред да тргнете на пат

6. Поради непрописно паркиран камион сред улуца доцните на важен состанок:

А) без оглед на ситуацијата, пристигнувате на состанокот и ја објаснувате причината за доцнењето

Б) лути сте и се карате со возачот на камионот

В) се чувствувате непријатно поради доцнењето и го откажувате состанокот

7. Работите на голем проект и имате многу работа. Што ви е најтешко?

А) фактот дека немате време за ништо друго

Б) ви недостигаат пријателите и фамилијата

В) лути сте поради обемот на работата

8. Замислете дека сте најстариот од десет деца. Што во таквата ситуација би Ви било најтешко:

А) чувство на одговорност за помали браќа и сестри

Б) недостаток на слобода

В) обврска да помагате со домашните задолженија

9. Се преселивте во стан за кој долго време сте сонувале, а единствениот недостаток се нападните соседи. Како би се однесувале во таква ситуација:

А) од самиот почеток ќе ги поставите границите

Б) ладни сте и им давате на знаење дека не сакате да се дружите со нив

В) нивната љубопитност ја сметате за некултурна, но не сакате да бидете груби и некултурни

10. Кога би можеле да реализирате еден сон, што би избрале:

А) секогаш да останете млади во срцето

Б) никогаш да не изгубите некој близок

В) никогаш да не доживеете физичка слабост и страдање

Најмногу одговори А

Сакате поголема слобода. Често се прашувате како би изгледало да избегате од секојдневниот живот со кој не сте секогаш задоволни. Мразите рутина и сакате повеќе време за себе. Сепак, живот без одговорност и работа е невозможен, но имате потреба понекогаш да сонувате за тоа и да се оддалечите од реалноста.

Најмногу одговори Б

Сакате да се промените себеси. За неисполнети соништа се кривите себеси, сметате дека не сте доволно упорни. Поради тоа сакате да ги промените вашите карактеристики и да станете похрабри.

Најмногу одговори В

Барате повеќе љубов. Ве привлекуваат парите и возбудата, но не Ви се приоритети. Најбитни ви се чувствата и односите со луѓето околу Вас. Барате повеќе разбирање и поддршка.