
Трагедија: Во Дунав пронајдено телото на еден од тројцата исчезнати во несреќата пред три недели
Телото кое беше пронајдено на брегот на Дунав кај Рафинеријата во Панчево е на еден од тројцата пријатели кои се превртеа со чамец кај Панчевскиот мост јавуваат српските медиуми.
Како што дознава Телеграф, околу 14 часот и 30 минути на левиот брег на Дунав во близина на НИС „Панчево“ било пронајдено тело на маж. По наредба на Вишото јавно обвинителство е испратено на обдукција.
Чамецот на четворицата пријатели се преврте во Дунав кога се враќале од патување во Бела Стена, а несреќата се случи на 18. март доцна во вечерните часови.
Мане К. е единствениот кој успеа да се спаси и да ја преплива реката и да побара помош.
Оттогаш, пријателите и семејството континуирано трагаа по тројцата исчезнати мажи, Милан Николиќ, Милош Марковиќ и Ненад Тривковиќ.