24sedum.net

24 седум вести портал

УХМР со прогноза: Еве kaкво време нè очекува до сабота

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност.

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.