24sedum.net

24 седум вести портал

(ВИДЕО) СКАНДАЛОЗНО: Лекар од тетовската болница снимил видео за Тик-Ток и ги покажа пациентките од гинекологија

На социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ21.

Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.

Тетовската болница се соочува со низа проблеми во работењето од технички, а по се изгледа и од професионален аспект. Болницата се соочува со недостиг на секаков вид на медицински кадар како и дотраени и нефункционални апарати.

Новиот директор на оваа установа Плумб Вела, како и лекарската фела и истражните органи треба да побараат одговорност за ваквото скандалозно однесување од лекарскиот кадар во оваа болница.

Разоткривањето на овој скандал во тетовската болница доаѓа само неколку дена по големата трагедија во болницата во Битола каде новороденче почина кратко по доаѓањето на свет поради нестручност и непрофесионалност на лекарите.

Погледнете го видеото кое го објави вечерва ТВ21: