
ВИДЕО: Сpбин го ставил Пyтин на табличките, полицијата му ја заплени колата
Припадници на МВР и Полициската управа на Нови Пазар, одзеле возило марка „БМВ М5“, поради сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа, дознава indeksonline.rs.
Според информациите, сопственикот на возилото кој е на привремена работа во Русија, на автомобилот „БМВ М5“ поставил механизам за криење на регистарските таблички, а зад вистинските таблички стоеле оние со името, ни помалку ни повеќе, туку на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Човекот се пофалил со овој „изум“ на социјалната мрежа TikTok, кој привлече големо внимание во јавноста во Тутин, пишува Курир.
Полицијата го проверила возилото и утврдила дека зад вистинските регистарски таблички на возилото има лажни таблички со ознаки „ТТ ПУТИН“.
Возилото е веднаш одземено и ќе се чува до 90 дена, а според информациите сопственикот на возилото моментално се наоѓа надвор од Србија.