24sedum.net

24 седум вести портал

ВИДЕО Сведоштво на првиот возач koј пристигнал кај запалениот автобус: Слушнав врисоци, огнот беше 2-3 метри висок

За тоа што се случило кобната трагична ноќ раскажуваат двајца очевидци за Нова.бг, меѓу кои и Валентин Георгиев од Сандански кој патувал од Софија до Благоевград. Тој работи како курир, пренесува Нова.бг

Мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Да не ве лажам, но мислам дека огнот беше 2-3 метри висок. Кога се приближел видел дека гори автобусот.

Камионот ми беше на стотина метри. Јас бев првиот. По околу 5-10 минути дојде вториот, третиот, четвртиот автомобил. Кога се симнав од камионот слушнав врисоци. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, црни, вели Валентин Георгиев.

Според сведоштвото на Георгиев првото нешто што го видел е маж кој се обидувал да ја спаси својата девојка.

Викаше, викаше „полиција“, „полиција“. Ја носеше девојката во раце, но ја испушти. Мислам дека имаше повреда на ногата бидејќи куцаше. И ја испушти на патот. Ја преместив девојката на крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Беше без чорапи, боса.

На другата деовјка и беше ладно, и дадов јакна да се стопли, додава тој.

Линк од видеото ОВДЕ