24sedum.net

24 седум вести портал

Владимир Ѓорчев ќе работи во приватниот сектор, отвора фирма за маркетинг и трговија

Владимир Ѓорчев ќе работи во приватниот сектор, отвора фирма за маркетинг и трговија

Владимир Ѓорчев ќе работи во приватниот сектор, отвора фирма за маркетинг и трговија
Владимир Ѓорчев преку официјалниот профил на Инстаграм ја информираше јавноста дека заминува во приватниот сектор.

Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека неговата фирма ќе биде во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите.

Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки. Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму, напиша Ѓорчев на социјалната мрежа Инстаграм.