24sedum.net

24 седум вести портал

ВМРО-ДПМНЕ денес бира лидер, пријавен само Мицкоски

ВМРО- ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања.

Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и на делегатите. Конгресот во 12 часот ќе го отвори Ѓорѓи Сајковски, а претседавач на работното претседателство ќе биде Александар Николоски.

После тоа ќе следи затворен дел, на којшто ќе присуствуваат само делегати. Од 16 до 17:30 часот ќе биде паузата за гласање, по што е предвидено обраќање на новиот претседател на партијата.

Досега за претседател на партијата е поднесена само една кандидатура, и тоа на актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, а рокот за поднесување кандидатури е до самиот Конгрес.

Се очекува на Конгресот Мицкоски да најави сериозни кадровски освежувања што ќе се случат по Конгресот, во согласност со новите политики на ВМРО-ДПМНЕ.