24sedum.net

24 седум вести портал

Во 21 век немаме вода: Жител на село Дрвош апелира градоначалникот да го реши проблемот со водата

Исповед на жител на село Дрвош кој сака да остане анонимен и кој апелира да се реши проблемот со водата во селото

Проблемот со водата е проблем кој што децениски се провлекува. Никој досега не се заангажирал трајно да го реше проблемот со водата кој што го имат граѓаните во летниот период.

Имено јуни, јули и август секоја година е исто и граѓаните немаат вода по цели денови и ноќи. Кога ќе дојде вода на час или час и половина жителите се принудени да полнат во шишиња како би имале за следното деноноќие.

Во првите 15 тина минути водата е црна, тоа може да се забележи на видеото кое е доставено. Жителите се прашуваат дали и таа малку вода што ја добиваат е исправна за пиење.

Градоначалникот на општина Босилово е запознаен со оваа проблематика но нема намера да се занимава со истата и да ја реши. Наместо решавањето на проблемот тој се занимава со блокирање на жители по социјалните мрежи кои му укажуваат на проблемот.

На +40 степени, во 21 век да жителите велат дека тоа е срамно и жално. Пред секои избори на граѓаните им се ветува дека проблемот со водата ќе биде решен и иако досега тоа не се случило тие се надеваат дека овојпат нешто ќе се промени и некој ќе се позанимава и со нивниот проблем.