24sedum.net

24 седум вести портал

Во наредните денови облачно со дожд, на планините снег, во вторник намалување на температурите

За време на викендот ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец (над60 км/час), што ќе услови повисоки температури.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места, информираат од УХМР.